Ние гарантираме дека вашиот домашен Vitamix ќе работи како нов, и тоа цели 7 години од денот на купување, или ние ќе го поправиме сосема БЕСПЛАТНО.

Кога инвестирате во Vitamix, Вие го добивате најдобриот кујнски апарат кој има високи перформанси, долготраен и проверен квалитет, лесен е за употреба, а истовремено е придружен заедно со 7 годишната гаранцијата која ви ја обезбедува инвестицијата која сте ја направиле.

Нашата 7 - годишна потполна гаранција (од датумот на купување) оди многу подалеку од рамките на гаранциите на вообичаените кујнски апарати кои одвај ги покриваат дефектите во изработка. НУТРИ ВИТА гарантира дека овој уред нема дефекти во материјалите и изработката и дека за домашна употреба одлично ќе работи за период од 7 години од датумот на купување кога се употребува во согласност со упатството за употреба кое доаѓа со самиот апарат. Статистиката покажува дека Vitamix, всушност беспрекорно работи и по истекувањето на гарантниот рок, дури и повеќе од 20 годишна секојдневна активна употреба. Тоа дополнително го потврдува квалитетот со кој е произведен самиот апарат.

Оваа потполна гаранција е неважечка ако овој уред бил подложен на злоупотреба, запуштеност, невнимание, неовластена промена на делови, непочитување на упатството за употреба, или ако бил изложен на ненормални или екстремни услови.

Козметичките промени кои не влијаат на перформансите, како избледување на делови од производот од самото користење или ефектите од употреба на абразивни средства за чистење, не се сметаат за дефекти и не се предмет на гаранција.

Чистењето или отстранувањето на прехранбените остатоци кај апарат примен на сервис, заедно со било каква штета предизвикана притоа, не е покриено со оваа потполна гаранција.

Не постои застапник или друга личност која е овластена да издава гаранција или да преземе одговорност која не е во согласност со горенаведеното.