Перформанси и инструкции

П: По што е посебен дополнителниот контејнер за сува обработка кој се нуди со Vitamix 5200?
О: Сечилата на првиот контејнер се идеални за обработка на „влажна“ храна, како сокови, супи и смрзнати десерти. Вториот контејнер има сечила кои се специјално дизајнирани за мелење на цели зрна и месење на тесто за леб. Која е разликата? Сечилата за влажна обработка ја повлекуваат храната кон сечилата за време на обработката. Сечилата за сува обработка ја буткаат храната нагоре со што се подобарува изборот за суви состојки или месење на лепливо тесто.

П: Како може истата машина да готви супи и да замрзнува сладолед?
О: Големата брзина на сечилата е тајната за правење на супи и ледени десерти во Vitamix машината! За ледените десерти, мелницата со високи перформанси и острите сечила ги кршат замрзнатите состојки со што дополнително ослободуваат студенило. Обработката во Vitamix е толку брза, што нема време за топење, па така смесата самата се замрзнува. За готвење на супи, брзината на сечилата создава топлина од триењето која може да ги доведе свежите состојки до состојба на вриење за само 4-6 минути.

П: Која е разликата помеѓу домашните и комерцијалните уреди?
О: Комерцијалните машини се дизајнирани за ресторани/ барови со голем обем и тие постојано прават храна и специфични пијалаци. Комерцијалните уреди имаат ограничена едногодишна гаранција и прирачник за употреба. Тие се достапни само преку фирми кои ги снабдуваат рестораните. Домашните уреди се дизајнирани за широк спектар на операции. Тие се достапни со целосна седумгодишна гаранција, книги за готвење и рецепти, ДВД за прзентација на можностите и ДВД со упатство за користење и одржување. Сите Vitamix машини го имаат истиот мотор со високи перформанси и патентиран дизајн на сечила.

 

За машината

П: Кои се димензиите на машината?
О: Димензиите се 52 см – висина, 18.5 см - ширина, 22.25 см – длабочина. А тежината е 4.95 кг.

П: Кои се спецификациите на моторот?
О: Моторот е произведен во Шведска, има 2 коњски сили, работи на 220-140 волти, 50 херци, со моќност од 1200 вати. Работи со фрекфентна регулација на брзината, со што се постигнува да биде моќен како на голем, така и на мал број вртежи.
Моторот со високи перформанси и со непрекинато ладење, ги движи сечилата за постигнување доследни резултати. Автоматското исклучување обезбедува термичка и струјна заштита на моторот.
Со лагерско лежиште и ниско триење, направен е да трае доживотно.
Квалитетниот, скриен и безбеден кабел според потребите се протега од 48 см до 1.8 м.
Основата е отпорна на абење.

П: Што е тоа што ја спречува Vitamix машината да прегори, за разлика од другите „блендери“?
О: Во Vitamix машината е вграден мотор со високоефективен радијален вентилатор и има вградено систем за струјна и термичка заштита за да се спречи преоптоварувањето и прегорувањето.

П: Колкава е брзината на сечилата?
О: Брзината на сечилата е од 18 км на час до 386 км на час. Тоа е тајната за мулти функционалноста на уредот, како и способноста да ја раскине цврстата целулозна клеточна структура на суровата храна.

П: Зошто служи копчето за менлива брзина?
О: Контролирањето на менливата брзина и копчето за голема брзина ја поставуваат брзината на сечилата од 18 до 386 км на час што овозможува широк спектар на задачи за подготовка на храна, вклучувајќи четири процеси кои ниту еден друг апарат сите заедно не може да ги изврши – правење густ сок од цели плодови, готвење супа, правење сладолед и мелење зрна.
Нашето уникатно копче за контрола на менливата брзина овозможува Vitamix 5200 да извршува 52 кујнски задачи без ниту еден додаток. Сецка, меле, мати, миксира, замрзнува, готви, меша, пасира и многу повеќе од тоа.

П: Колку литри може да собере контејнерот?
О: Контејнерот може да собере 2 л. Vitamix машината може да обработи најмалку 150 мл, а најмногу 2 литри.

П: Од каков материјал е изработен контејнерот и дали е сигурен за употреба?
О: Контејнерот направен од Eastman Tritan™ кополиестер. Кополиестерот е отпорен на состојките од овошјето и зеленчукот и не реагира со нив како што тоа го прави обичната пластика. Исто така е отпорен и на високи температури. Се однесува исто како стакло и не испушта хемикалии.

П: Колку е долг кабелот?
О: Vitamix машините имаат екстра долг кабел од 1.8 м, со посебно место каде што неупотребениот кабел безбедно е зачуван и скриен под основата на моторот.

П: Како можам да препознаам дека мојата машина е под гаранција?
О: Ако немате потврда, контактирајте за Службата за корисници на 02/3230-777. Ве молиме да го имате сериски број од вашата Vitamix машина на располагање.

 

Цената на Vitamix машината е пониска споредено со било кој друг уред на пазарот, земајќи ги во предвид перформансите кои ги има, како и придобивките за организмот користејќи го секојдневно.

Не заборавајте дека со Vitamix ќе заштедите на купувањето зеленчук и овошје, бидејќи тој обработува цели плодови, и не ги фрлате драгоцените хранливи материи во отпад.

Се надеваме дека овие информации ќе ви помогнат да ја донесете вашата семејна одлука.